Зошто повеќето Азијци немаат тоалетна хартија дома?

Тоалетната хартија не се користи во МНОГУ азиски земји. Во Индонезија, Тајланд, Индија и Филипините, бањите обично имаат широки пластични садови. Во Јапонија, некои имаат посебен тоалет со седиште за чистење, така што школката служи и како замена за биде.
Постојат неколку причини зошто е тоа така, и тие не се само културни, туку и здравствени.


Прво, во многу азиски земји, канализационите системи и системите за водоснабдување не се толку добри како на Запад. Поради санитарни проблеми, не е препорачливо да ставате тоалетна хартија во тоалетната школка. Тоа е причината зошто луѓето таму имаат сад со вода или биде до тоалетот. Исто така, ако имаат хартија во бањата, обично е неопходно да се стави во пластична кофа до школката.



Азијците знаат дека тоалетната хартија понекогаш е премногу тврда и може да ја иритира областа што се брише, особено кај луѓето кои имаат хемороиди. Затоа, употребата на вода е понежна и може да биде корисна за ублажување на притисокот во перианалната област.
Понатаму, лошите навики за бришење со тоалетна хартија може да доведат до ширење на бактерии. Покрај тоа, бришењето напред кај жените може да го зголеми ризикот од пренос на бактерии до уретрата. Со користење на алтернативи како што се биде, или влажни марамчиња, можно е да се избегнат овие проблеми.


Навиката да се користи вода за плакнење после мокрење се смета за подобра од тоалетна хартија која не може темелно да ги отстрани фекалните материи и затоа само бришењето не е секогаш доволно.
На крајот, според анализите на експертите, само во САД годишно се трошат околу 36,5 милијарди ролни тоалетна хартија. Ова не е еколошки бидејќи бара сечење дрвја и троши огромни количини на вода, енергија и материјали за пакување.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Добро внимавајте после раскинувањето: Овие ТРИ хороскопски знаци се најголемите осветници!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …