(ВИДЕО) Украл скап спортски автомобил пред очите на продавачот

НАЈНОВАТА Корвета е толку пожелна што некои се спремни да направат се за еден круг по населбата.
Шегата настрана, ова е веројатно најлошиот кошмар на продавачот на автомобили. Додека на заинтересиран клиент ја покажувал Корветата по тест возењето, клиентот одлучил да остане да седи во автомобилот, ја заклучи вратата и исчезна од салонот со малку гас. На се бил сведок колега кој ја снимил оваа, благо речено, невообичаена ситуација.
Добрата вест е дека автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Шевролет во Вирџинија. Имено, непослушниот „купувач“ возел низ неколку населби и потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори велат дека тој бил запрен од полицијата по неколку блокади.


Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се подолги, и се бара секоја можност да се дојде во посед на автомобилот. Барем за некое време, бидејќи 6.2 V8 со 500 КС е едноставно неодолив, особено во „пакувањето“ кога до стотка ќе ве доведе за околу 3. секунди.

Фото: Принтскрин/Facebook/C8 Corvette Owners (And Friends)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Велосипедите пред автомобилите? Германците се навикнуваат на новиот сообраќаен знак, возачите не се задоволни!

Тоа е знак кој забранува претекнување на велосипедисти и мотоциклисти. Овој сообраќаен знак неодамна беше …