Што се случува кога сме под СТРЕС: Нашето тело минува низ овие ТРИ ФАЗИ за само ЕДНА МИНУТА!

Кога сме под стрес, нашето тело влегува во состојба на „вонредна состојба“ и почнува брзо да работи како мотор на автомобил со полна брзина.
Ако разбереме што се случува во нашето тело додека сме изложени на стрес, можеме полесно да го контролираме, вели Мајкл Ј. Портер, предавач на Молекуларна генетика на Универзитетот во Ланкашир.
Тој вели дека стресот не мора секогаш да е лош. Стресот не прави побрзи, посилни, поагилни, а мозокот работи подобро, се сеќава на детали… Затоа некои луѓе намерно се ставаат во стресни ситуации или решаваат да учествуваат во екстремни спортови.
Проблемот е стресот кој не е под контрола: може да не „замрзне“ за момент, а мозокот, како да престанал да работи, станува неспособен за размислување.

Што се случува во телото кога сме под стрес?
Кога чувствуваме стрес, нашето тело влегува во вонредна состојба, како некој да притиснал – турбо. Се’ се забрзува во нашиот организам, на некој начин стануваме „супер човек“. Стануваме крајно будни, способни брзо да реагираме.
Мозокот работи брзо, меморијата се зголемува и ние сме во состојба да се сетиме на секој детал од она што го гледаме, слушаме или чувствуваме. Тогаш ни се чини дека времето застана, како, на пример, по сообраќајна несреќа, пишува Kolektiv.me.
Во телото, поточно во делот на малиот мозок што го нарекуваме хипоталамус, се активира цела серија на хормони, што се стимулира со ослободување на CRH хормони, пренесува Daily Mail.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …