(ФОТО) Милионери се здружиле за да отстранат бездомник бидејќи им го расипувал погледот

Група милионери од Нов Зеланд се обиделе да истераат бездомник кој живее во пештера во близина на нивните луксузни домови, бидејќи тој им го „расипувал погледот“.
64-годишен маорец од Нов Зеланд, познат само како Авхи, се преселил во пештерата во 2020 година, поставувајќи импровизирана кујна со тенџериња, тави, па дури и полици. Тој порано живеел во локалниот парк, но бил преместен кога избила пандемијата на коронавирус.
Богатите сопственици на куќи, кои живеат во мултимилионски резиденции околу резерватот Монт Друри во градот на плажата Маунгануи, не биле задоволни што Авхи се населил толку блиску, бидејќи сметаат дека им го расипал погледот на познатата плажа.


„Таму нема станови, пријателе. Тоа беше единственото место каде што можев да најдам засолниште, во карпата. Можеби изгледа прилично темно, но за мене тоа е само засолниште, место каде што можам да се загреам. Има многу други луѓе во светот денес кои се во полоша ситуација од мене. Кој сум јас да се жалам?“, рекол Авхи, татко на пет деца и дедо.
Авхи, кој претходно работел како градител и во шумарство, изјавил дека сопствениците на куќите сакале тој да излезе од пештерата и дека одржале состанок поради него, како и дека побарале помош од поранешниот лидер на опозицијата, пратеник на градот Тауранга, Симон Бриџис.
Бриџис потврдил дека му пришле локални жители кои сакале Авхи да се пресели и рекол дека вистинскиот одговор на тоа прашање ќе биде на бездомниците да им се обезбеди трајно социјално домување.


Извор: Bizilife

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за понеделник, 08.08.2022: Понекогаш треба да го исклучите разумот, има работи кои не можете да ги објасните врз основа на логички правила. Оставете ги вашите чувства да „проговорат“…

Овен Љубов: Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите љубоморна сцена. …