(ВИДЕО) Џерард Батлер на снимањето на „Copshop“ повредил три лица

Џерард Батлер признал дека предизвикал целосен хаос на снимањето на новиот филм „Copshop“ за време на само еден ден снимање, кога успеал да повреди три лица додека ги правел своите каскадерски сцени.
За среќа, никој не е сериозно повреден, но шкотскиот актер се пошегувал дека имал толку тежок ден што почнал да размислува за пензија.


View this post on Instagram

A post shared by Gerard Butler Fanpage❤🎬 (@gerard.butler.italy)


Запрашан за неговиот незаборавен ден на сетот, Батлер рекол:
„Работам многу и ретко, ретко, ретко повредувам некого, но се борев со каскадер, а тој ја удри главата по шкафчињата и му „се отвори“ главата. Инаку, тој ми е пријател, и јас работев со него порано, и не беше вознемирен, но загуби многу крв“.


„А потоа се борев со друг каскадер и навистина не го допрев, но тој мораше да ја помести главата и да удри од столбот – главата му се отвори! И тогаш морав да го ‘застрелам’ Рајан О’Нан со пиштол за шокирање а Рајан мораше да се здебели за втората улога во тој момент. Така, влошката – која треба да ја носите бидејќи овие работи имаат шилци во себе – се поместија од стомакот и јас го застрелав”, додава Батлер.

Се се случило во еден ден, во тој момент, рекол актерот, почнал да размислува за пензија.
„Секогаш се обидувам да ги направам сите мои акробации“, објаснил Џерард.
Премиерата на „Copshop’ ќе се случи на 17. септември – во кино салите!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …