Последниот пост на Мајкл Вилијамс на социјалните мрежи било видео на неговиот колега Трејси Морган во кое страсно ги повикува пријателите и обожавателите да не „плачат за него“ додека зборувал за преживувањето на фаталната несреќа во лимузина во 2014. година.
„Те сакам брат!”, напишал Вилијамс со објавата и го означил Морган на 31. август, само шест дена пред да биде пронајден мртов во неговиот пентхаус во Вилијамсбург, а постои сомневање за предозирање со хероин.
Клипот од 40 секунди е од појавувањето на Морган во 2018. година на подкастот The Breakfast Club, каде Морган одлучно отфрла каква било штета за несреќата во која загинал неговиот пријател, а четворица други беа повредени.
„Не плачи за мене. Во ред, имав несреќа. Не плачи за мене. Плачи за сите други, човеку”, рекол комичарот роден во Бронкс.
„Баба ми рече дека кога мислиш дека си болен, за некого е секогаш полошо. Има луѓе на светот кои немаат кого да сакаат, ниту некого да го сакаат. Што велиш за тоа?”, вели Морган во снимката.
Морган го прашува водителот на емисијата што мисли дека е среќа, велејќи дека „се што мисли не е вистина“.
„Поедноставно е од тоа. Многу е поедноставно од тоа”, рекол тој. „Знаеш ли што е вистинска среќа? Да имаш на што да се радуваш”.
„Ова е порака“, „Пред само шест дена“, „Ова боли многу“, напишале следбениците под објавата по веста за смртта на Вилијамс.
Морган и Вилијамс се појавија во истата епизода од серијата „Human Giant“ во 2008 година.
Фото: Принтскрин/Instagram