(ВИДЕО+ФОТО) Официјално: Расел е новиот возач на Мерцедес!

Џорџ Расел е новиот возач на Мерцедес, тој ги откри тие информации на неговите социјални мрежи.
Алфа Таури успеа да задржи двајца од своите возачи, Пјер Гасли и Јуки Цунода, за следната сезона, а набргу потоа Мерцедес ги објави плановите за следната година. Нов колега на Луис Хамилтон ќе биде Џорџ Расел.


Младиот Британец во декември минатата година од својот болид во Вилијамс скокна во болидот на Мерцедес во кога возеше ГН на Сахир наместо Хамилтон, бидејќи Хамилтон беше позитивен на корона вирусот, па дури и после тоа се шпекулираше дека Расел може да стане нов колега на неговиот сонародник.

И тогаш сите го видоа во Мерцедес, но се мислеше дека Мерцедес не сака да го смени тандемот шампион Хамилтон-Ботас.
Расел тогаш напиша и на Твитер: „Никој не може да го замени Луис, но ќе дадам се од себе за тимот од првиот момент кога ќе влезам во болидот“.
Сега Џорџ зборува од друга улога.

„Ова е посебен ден за мене лично и професионално, но имам измешани емоции. Возбуден сум и благодарен што ќе се приклучам на Мерцедес следната година, тоа е голем чекор во мојата кариера, но исто така значи и збогум на моите колеги од Вилијамс. Ми беше чест да работам со таков тим и да го претставувам Вилијамс во Формула 1“, изјавил Расел по потпишувањето на договорот.
„Сега имам уште девет трки со Вилијамс и сакам да бидам сигурен дека тоа ќе бидат моите девет најдобри трки во тој тим. Само тогаш ќе можам да се посветам на следната сезона“, додал Расел.

Поранешниот колега на Луис Хамилтон, Валтери Ботас, во понеделникот наутро објави дека го напушта Мерцедес и дека кариерата ќе ја продолжи во Алфа Ромео, каде ќе го наследи Кими Раиконен.
Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за Ботас и неговиот придонес во тимот.
„Ова не беше лесен процес, одлуката беше тешка за сите нас. Волтер направи одлична работа во последните пет сезони и даде немерлив придонес за нашиот успех и развој. Тој изгради препознатлива соработка со Луис во овој спорт, тоа беше нашето најголемо оружје и ни помогна да ги направиме најголемите успеси“, рекол Волф и додал:
„Среќни сме што имаме нова можност да направиме чекор напред со Џорџ сега. Тој победи во сите категории, а последните три сезони со Вилијамс покажаа дека има светла иднина во Формула 1 “.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …