(ФОТО) Ограбена куќата на Ѓоковиќ во Марбелја

Грабежот се случил на 23. август, а украдени се часовници, пари и накит, пренесува „Meridian sport“.
Во тоа време, наводно биле ограбени 22. од 24. објекти во ова познато летувалиште, а имало и куќи на познати фудбалери и кошаркари.
Тогаш бил ограбен и Никола Милошевиќ, попознат како „Đota fristajl“. Овој српски јутјубер тврди дека изгубил 25.000 евра, а наводно бил гостин на Марко Ѓоковиќ.
Полицијата спровела истрага, а се појавија и фотографии од местото на настанот.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ моментално игра на УС Опен, а ноќта меѓу понеделник и вторник ќе одигра натпревар против Џенсон Бруксби во осминафиналето.


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …