Ова растение го регулира ПОРЕМЕТУВАЊЕТО НА ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА: Многумина го сметаат за плевел, а всушност е многу ЛЕКОВИТ!

Хипократ најмногу  го сакал…
Тушт (Portulaca oleracea) е едногодишен растителен вид кој често се смета за плевел, и е исклучително лековито растение што се користи во народната медицина и гастрономијата.

Содржи омега киселини
Потекнува од Азија, но се прошири низ целиот свет. Тоа е исклучително здраво растение кое содржи поголема количина омега-3 масни киселини, витамини А, Б и Ц, и многу минерали (магнезиум, калциум и железо).
Истражувачите откриле дека туштот содржи повеќе антиоксиданси отколку спанаќот и дека концентрацијата на омега 3 масни киселини е поголема од количината што може да се најде во некои рибини масла. Фактот дека е погоден за вегетаријанци и вегани, оди и во корист на ова растение.

Антиоксидансите го подобруваат општото здравје и го зајакнуваат имунитетот.
Тие се сметаат за главни помагачи при срцеви заболувања, атеросклероза, рак, губење на меморијата и губење на видот поради возраста.

Не го берете премногу рано
Запомнете дека туштот брзо почнува да ја губи својата хранлива вредност веднаш по берењето, ако вашата градина е премногу мала или мислите дека ќе ја зафати целата градина, можете да ја одгледувате внатре како домашно растение.
Земете празен сад или што ви одговара, почва и органски семиња за тушт. Засадете ги семињата и одржувајте ја почвата влажна (внимавајте да не наводнувате премногу) и почувствувајте ја радоста додека расте вашиот мини тушт.

Добро за разни сосови
Во гастрономијата, најчесто се користи свеж за подготовка на сосови од песто, разни салати, смути или чорби. Може да се суши и конзервира за употреба во текот на зимата.

Што се’ лекува
Во народната медицина, туштот се користи за подобрување на имунитетот, подобрување на циркулацијата, зајакнување на срцето, спречување на тумори и опоравување на пациенти со рак, а бројни извори наведуваат дека помага да се забрза заздравувањето на раните, да се спречат главоболки, мигрена, да се зајакнат коските, да помогне во развојот на децата, проблеми со тироидната жлезда, кожа и стомачни органи.

РЕЦЕПТ
Издинстајте го со лук и кромид и домат или подгответе здрава салата со малку маслиново масло и сок од лимон. Туштот е совршена и здрава состојка за подготовка на вашите омилени супи и шејкови.

ФОТО: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …