(ВИДЕО) Познат француски фудбалер починал после 39. години минати во кома

Жан-Пјер Адамс, француски фудбалер, починал на 73-годишна возраст, откако 39. години минал во кома.
Адамс имал 34. години кога паднал во кома во 1982. година. Тоа се случило по анестезијата што ја добил за време на рутинската операција на коленото во болницата во Лион.
Тие тогаш рекле дека на операцијата пристигнал во „одлична форма“, и се очекувало дека ќе се разбуди неколку часа по операцијата. Меѓутоа, по 39. години чекање, тој не се разбудил.
Неговата смрт ја објави Универзитетската болница во Ним.


Роден е во Дакар, Сенегал, а од 1972. до 1976. година собра 22. настапи за француската репрезентација.
Тој собрал и 41. настап во француското првенство за Пари Сен Жермен, иако поголемиот дел од кариерата го поминал во Ница.
Непосредно пред да падне во кома, Адамс започнал курс за да стане фудбалски тренер. Отишол на скенерот кога коленото почнало да го боли, а кога било утврдено дека има проблеми со коленото, му била понудена рутинска операција.
„Се е во ред, јас сум во одлична форма“, и рекол на сопругата Бернадет тоа утро пред да го оперираат.
Пјер Хат, докторот на Адамс, го иницирал случајот поради начинот на кој била направена операцијата. Случајот се одолговлекувал на суд пред лекарите во Лион да бидат прогласени за виновни за несаканата повреда.
Во текот на 2007. година, неговата сопруга Бернадет накратко објаснила како е нејзиниот сопруг.
„Жан-Пјер чувствува, мириса, слуша, дури и скока кога кучето лае, но тој не може да гледа“, рекла таа тогаш.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …