(ВИДЕО) Жена исфрлиле од авион поради облеката што ја носела: „Ми рекоа дека е непристојно!“

Една жена од Алјаска објавила видео на TikTok во кое тврди дека била исфрлена од летот поради облеката што ја носела, пишува Unilad.
Реј Лин Хауард, позната и по уметничкото име Fat Trophy Wife, го опишала своето искуство во летот на Алјаска Ерлајнс на 4. август и рекла дека една од стјуардесите сметала дека нејзината маица е несоодветна, по што била повикана полицијата да ја изведе Хауард од авионот.
Полициските службеници ја прашале жената што се случило, на што таа одговорила дека „ја малтретирале поради нејзината облека“ и им ја покажале кусата блуза што ја носела.

@fattrophywife@alaskaair called the police on me for wearing this outfit #bbw #plussize #plussizeedition #flying #airline #alaskaairlines #bbws #thicktok


♬ original sound – Trophy


„Ме замолија да облечам кошула. Јас ја повлеков маицата, а потоа повторно дојдоа кај мене и ми рекоа дека не можам да ја носам затоа што мојот стомак се гледа и е несоодветен”, рекла таа.
На ова, Хауард и рекла на стјуардесата дека тој случај да ја исфрлат бидејќи веќе го направила она што го барале.
„Го погледнав кодексот на облекување на Алјаска ерлајнс и мојата облека беше во согласност со кодот. Ме вознемируваат”, заклучила таа.
Видеото, пак, собрало повеќе од 1,3 милиони прегледи, а голем број коментатори ја поддржале Хауард.
„Не знаев дека авиокомпаниите станаа како средно училиште“, напишал еден корисник.
„Би ги тужела да бев на твое место“, додал друг коментаторот.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вашиот идеален партнер според хороскопот?

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …