Чиро Блажевиќ тешко болен: „Збогум, немам што повеќе да кажам!“

Прославениот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ (86) е тешко болен и тоа го откри по покана на словенечкиот Спорт клуб.
Блажевиќ беше поканет да даде коментар за претстојниот натпревар помеѓу Словенија и Хрватска во квалификациите за Светското првенство во Катар (7. септември, Сплит).
„Немам што повеќе да кажам, не знам што се случува и тешко ми е да зборувам за тоа. Не сум повеќе интересен “, вели Блажевиќ.

„Драги пријатели, Словенци, нашата љубов е безгранична. Вие ме сакате мене и јас ве сакам вас, но морам да ти кажам една тажна работа. Јас сум многу, многу болен… Морам да кажам католички поздрав ‘збогум’, жал ми е, но јас сум многу песимистичен“, додал 86-годишниот Чиро, кому повторно му бил дијагностициран рак.


Тој досега двапати ја победуваше злобната болест, но според словенечкиот Спорт клуб, тој веќе нема иста енергија и оптимизам за борба.

После тоа, тој бил повикан од новинарите на Индекс, за кои рекол дека не му се допаѓа целата ситуација, бидејќи сега сите му се јавуваат.


„Ух, токму тоа ме доведе во неволја. Сите ми се јавуваат сега и ме прашуваат како сум. Убаво разговарав со вашите словенечки колеги, но мислев дека тие тоа ќе го задржат за себе“, рекол Блажевиќ.

Кога работата излегла од контрола, тој ја објаснил ситуацијата подетално.
„Имав повторување на ракот и сега окупираше нови региони. Се прошири на лимфните жлезди. Простатата што ја извадија од мене беше жариште“, рекол Блажевиќ.

„Се борам и не се откажувам, убеден сум дека се ќе биде добро“, додал славниот тренер со пооптимистички тон.

Да потсетиме, во текот на неговата долга и богата кариера, Чиро играше за Динамо, Сараево, Риека, Сион и Хајдук, и водеше многу повеќе клубови и репрезентации, претежно од овие простори.

Извор: nova.rs и index.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …