(ФОТО) Починало саканото куче на Тоше Проески: „Бас денеска отиде кај неговиот сопственик“

Дека Тоше Проески фановите не го заборавија ниту 14. години по неговата смрт, докажаа тажните пораки што ги оставија по веста дека неговото сакано куче – златниот ретривер Бас – починал.


„Денес, Бас отиде кај својот сопственик“, стои во објавата на една од страниците на Фејсбук посветена на Тоше.
Под фотографиите на Тошеа и Бас, веднаш почнаа да се нижат пораки за сочувство.
„Почивајте во мир заедно зад виножитото“, „Сега повторно сте заедно во рајот“, „Засекогаш заедно“, „Сега повторно ќе се гушкаш со нашиот сакан Тоше“, „Ангелите се заедно“, се повторуваше во пораките.
Тоше беше голем обожавател на кучиња, а покрај Бас, имаше и шарпланинец по име Гром.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Признала дека со операциите си го уништила лицето, а еве како денес изгледа познатата шведска актерка!

Шведската манекенка и актерка Брит Екланд ќе остане запаметена како девојката на Бонд, Мери, во …