(ФОТО) Меган и Хари наводно сакаат да се сретнат со кралицата, луѓето во палатата се изненадени!

Принцот Хари и неговата сопруга Меган, наводно, сакаат да се сретнат со кралицата Елизабета, пренесува Page Six.
Извор близок до парот изјави за The Sun дека тие побарале средба со кралицата и се надеваат дека ќе дојдат во Виндзор заедно со нивната ќерка Лилибет, за да се сретнат со Елизабета.
Но, изворот тврди дека нивното барање да се сретнат со кралицата ги оставило вработените во палатата во шок.

„Луѓето се шокирани. Можеби Меган и Хари навистина би сакале да ја видат кралицата, но тоа е чудно по се што се случи оваа година”, рекол тој.
Странските медиуми пишуваат дека палатата се уште не одговорила на барањето на Хари и Меган, но дека кралицата многу би сакала да ги види Лилибет и нејзиниот брат Арчи.

„Но, луѓето од палатата се многу изненадени од овој потег, особено поради Меган“, заклучил изворот.
За потсетување, Хари и Меган и го дадоа првото големо телевизиско интервју на Опра Винфри во март откако ја донесоа одлуката да ја напуштат Велика Британија и нивните улоги во кралското семејство пред повеќе од една година.
Двојката тогаш упати некои обвинувања против кралското семејство, а изјавата дека некои членови на кралското семејство се загрижени за бојата на кожата на нивниот син Арчи одекна во јавноста.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …