Починал 17-годишен фудбалер на Јувентус – Погба скршен: „Збогум, мој мал пријателе!“

МЛАДИОТ фудбалер на Јувентус, Брајан Додиен почина на 17 -годишна возраст.
Во 2015. година, кога имал само 11. години, на Додиен му бил дијагностициран рак. Таа вест тогаш особено го погодила Пол Погба, кој во тоа време играше за Јувентус. На натпреварот против Торино во декември 2015. година, тој постигна гол и покажа маичка под дресот со натпис: „Брајан, јас сум со тебе“.

Во јануари 2019. година, Додиен се врати во фудбалот во натпревар на тимот на Јувентус до 15. години. Погба беше воодушевен.
„Каков благослов што Брајан го победи ракот и го одигра својот прв натпревар за Јуве до 15. години. Многу сум горд на тебе, пријателе, ти благодарам што беше инспирација за мене и многу други. Се надевам дека ќе се видиме наскоро”. Пишувал Погба во тоа време како играч наМанчестер Јунајтед.

За жал, две и пол години подоцна Додиен ја загуби битката со болеста.
Погба дознал за вестите по натпреварот помеѓу Франција и Украина и објавил на Инстаграм:
“Најтажната вест. Мое сочувство до сите блиски до тебе. Никогаш не е лесно да изгубиш некој што го сакаш, но никогаш нема да те заборавам. Почивај во мир, Брајан”, напишал тој на англиски, а потоа додал на италијански: “Се бореше толку тешко, ти беше силен, пример за сите. Збогум, мој мал пријателе”.

Фото: Принтскрин/Instagram/Bryan Dodien

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Две години без Коби Брајант

На денешен ден пред две години како гром од ведро небо одекна веста – Коби …