Кога имате чувство дека ОКОТО „ви игра“ знајте дека тоа НЕ СЕ ПОМЕСТУВА!

Еве што се случува тогаш со окото, и зошто чувствувате дека тоа „игра“.
Скоро и да нема човек кој во животот не почувствувал благо треперење на окото, поради што чувствувал дека „игра“. Овие грчеви траат многу кратко, обично една минута или две, многу ретко подолго од тоа, и се случуваат повремено.
Имено, станува збор за неволни движења, при што окото всушност воопшто не се движи, но очниот капак е тој што се грче. Ова чувство е всушност безопасно, така што во повеќето случаи нема причина да се грижите.
Поигрувањето на окото професионално се нарекува миохемија на очните капаци, а може да се појави во долниот или горниот очен капак како последица на неволната активност на невроните кои ги стимулираат мускулите во очните капаци, пишува „Reader’s Digest“.

„Чувството на треперење најчесто се јавува поради стрес, замор, поради прекумерна конзумација на кафе или кога не се внесува доволно вода …“


Исто така, оваа состојба е често за време на сезоната на алергии, или кога се конзумира премногу алкохол.
Многу ретко може да биде симптом на одредени невролошки нарушувања, но во тие случаи секогаш се јавува во комбинација со други симптоми и трае подолго.
Ако ова ви се случува често, тоа е знак дека ви недостасува сон, затоа треба да спиете повеќе, или да го намалите внесот на кофеин и да направите се’ што можете за да се ослободите од стресот.
Понекогаш помагаат и ладни или топли облоги на окото, но квалитетниот сон е главното решение за ова чувство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …