ГН Холандија: Свој на свое – Ферстапен го покори „Зандворт!“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен триумфираше на првото ГН на Холандија во Формула 1 по 36 .години, кое се возеше како 13 коло во сезоната.

Холанѓанецот ја оствари својата седма победа сезонава на домашен терен, на патеката „Зендворт“, и 17 -та во кариерата, како што водеше речиси цело време, со исклучок на неколку круга по одењето во бокс.

loading...

Најблиску до Ферстапен беше Луис Хамилтон, кој заостана околу 20 секунди во Мерцедес, но тој го забележа најбрзиот круг во самиот финиш. На двајцата на подиумот им се придружи тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
За време на 72 -те круга на трката за ГН на Холандија, Ферстапен практично беше сам, бидејќи Хамилтон успеа само да му пријде во одредени моменти. Актуелниот шампион загуби чекор зад холандскиот возач веќе по првиот круг, и откако ги смени гумите, му пријде во неколку наврати на околу секунда, но не можеше повеќе од тоа.


Ботас возеше осамена трка на третата позиција, но пред првото влегување во боксот се вклучи во борбата за врвот, но не можеше да го задржи Ферстапен долго време зад себе, кој веќе беше на промена на гумата. Финецот, исто така, ја игнорираше наредбата на тимот да не го брка најбрзиот круг по доцното одење во боксот, па накратко го грабна од тимскиот колега. Хамилтон, сепак, успеа да добие дополнителен поен бидејќи самиот ориде по нови гуми.

Колку тие тројца беа подобри од сите други, покажува и фактот што покрај нив, само возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, ја заврши трката во ист круг, чие заостанување изнесуваше една минута и девет секунди. По Французинот следуваше дуото на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс јуниор, пред возачите на Алпин, Фернандо Алонсо и Естебан Окон. Освојувачите на поени ги комплетираа Ландо Норис во Мекларен и уште еден возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој направи одличен пробив по стартот од питлејнот, бидејќи користеше сосема нова погонска единица.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …