Хроничниот замор може да биде симптом на сериозна болест – како да го препознаете?

Научниците претпоставуваат дека некои од нас се родени со предиспозиции за развој на синдромот…
Заморот после напорниот ден е нормален, но хроничниот замор кој трае со недели или месеци може да го наруши квалитетот на животот и да доведе до синдром на хроничен замор. Хроничниот замор, исто така, може да биде симптом на сериозна болест, а за да се третира треба да се сменат животните навики.

Неколку фактори
Самата причина за синдром на хроничен замор не е целосно позната, а научниците претпоставуваат дека некои од нас се родени со предиспозиција за развој на синдромот. Постојат неколку фактори кои можат да го поттикнат, а тие се:

Вирусни инфекции – Многу луѓе кои се инфицираат со разни вируси развиваат синдром на хроничен замор, па постои сомневање дека вирусите се предизвикувачи на симптоми. Постои сомневање дека станува збор за вирусите Епштајн-Бар или вирус на херпес 6, но се уште нема дефинитивен научен доказ за нивната поврзаност.

Проблеми со имунолошкиот систем – Се покажа дека луѓето кои страдаат од синдром на хроничен замор, исто така, имаат оштетен имунолошки систем, но не е докажано дека нарушениот имунитет е причина за синдромот.

Хормонална нерамнотежа – Луѓето кои имаат синдром на хроничен замор често имаат премногу малку или премногу хормони во крвта. Тоа се хормони произведени од хипофизата, хипоталамусот и надбубрежната жлезда.

Физичка или ментална траума – Голем број луѓе со синдром на хроничен замор наведуваат дека имале тешка физичка или ментална траума пред појавата на симптомите.

Животни навики
Хроничниот замор е предизвикан и од животни навики како што се:
– Често конзумирање алкохол
– Физичка неактивност
– Недостаток на спиење
– Прекумерна потрошувачка на кофеин
– Нездрави навики во исхраната

Без дијагноза

Синдромот на хроничен замор може да биде доста тешко да се дијагностицира, бидејќи нема стандардни тестови што можат да укажат на постоење на синдромот. Се проценува дека околу 85 проценти од луѓето кои страдаат од овој симптом се уште немаат официјална дијагноза. Главна причина е стигматизацијата на ова нарушување како недоволно сериозна. Процесот на дијагноза одзема многу време, бидејќи е неопходно да се исклучат сите други можни причини за хроничен замор.
Откако ќе се исклучат други нарушувања и болести, потребно е добро да се поминат сите симптоми со лекар и дури тогаш е можно да се добие почетна дијагноза. Важно е сами да не ја поставите дијагнозата, бидејќи на тој начин би можеле да пропуштиме поголем и поопасен проблем. Не постои единствен лек за симптомите на хроничен замор, терапијата и советите се споделуваат на индивидуално ниво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …