(ФОТО) ЛУЃЕТО НЕ ПРЕСТАНУВААТ НА СЕ ЧУДАТ – СВЕКРВАТА ПРЕД СИТЕ ГО МАВТАЛА КРВАВОТО ЗДОЛНИШТЕ НА НЕВЕСТАТА! Се појавиле фотографии од БИЗАРЕН обичај по првата брачна ноќ и многумина налутиле!

Прикажувањето чаршафи во раните утрински часови по првата брачна ноќ е вообичаена традиција на Кавказ, но и во други култури.
Во строго патријархалните општества, овој архаичен обичај останал до ден -денес. Крвта на облеката или чаршавот обезбедува доказ за роднините дека брачната обврска е исполнета.
Потоа, семејствата на младенците се собираат да и честитаат на младата брачна двојка кога ќе ги видат дамките од крв и дури после тоа ритуалот на бракот се смета за завршен.
Ако нема крв, жената може да биде екскомуницирана и вратена кај родителите како „оштетена“.


После тоа, таа се смета за разведена и често и е тешко повторно да се омажи – може да биде дури и злоставувана во домот на родителите.
Снимката од овој ритуал е снимена неодамна и објавена на социјалната мрежа Тикток. Шокираните корисници на социјалните мрежи од различни делови на светот не можеле да поверуваат дека овој обичај се’ уште се почитува во некои култури. Највообичаениот коментар под видеото е: „Фала му на Бога што не живеам во овој дел од светот“.



Имено, активистите за човекови права во Азербејџан велат дека традицијата да се биде сведок на првата брачна ноќ и да се парадира низ чаршавот е се уште распространета во руралните делови на земјата. Инаку, здолништето најмногу го покажува мајката на младоженецот, односно свекрвата.


Исто така, понекогаш пред венчавката, жената ја прегледува „специјалист“ за да се увери дека се уште е девица.
Оваа постапка е остро осудена од водечките меѓународни организации. Минатата есен, ОН и СЗО повикаа на прекинување на практиката – која се уште се спроведува во најмалку 20. земји – нарекувајќи ја понижувачка и трауматична за жените.
Во соопштението се споменува и дека медицинската наука не го признава концептот на „невиност“ и дека постои само во општествените, културните и верските убедувања.


Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …