(ФОТО) Кими заразен со корона – Кубица се враќа на патеката

Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен доби позитивен резултат на тестот за корона вирус, поради што нема да учествува на трката за ГН на Холандија.
Финскиот возач беше тестиран во Зандворт, и бидејќи резултатите покажале дека е заразен со корона, морал да оди во изолација.

„Последната рунда тестирања пред ГН на Холандија покажа дека Раиконен е заразен со корона вирусот. Кими не чувствува никакви симптоми и тој е добро“, изјавиле од тимот.


Наместо тоа, Роберт Кубица ќе биде во болидот на Алфа Ромео.
Полјакот последен пат возеше трка во Абу Даби во 2019 година. Во недела тој ќе го означи 98. старт во кариерата, и прв како возач на Алфа Ромео.
Следете ја целосната акција од Холандија на каналите на Спорт Клуб.

Фото: Принтскрин/Formula1

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИЛИОН ПРИЧИНИ ЗА ХУМАНОСТ – M0ZZART ВО ТЕКОТ НА 2021 ГОДИНА УШТЕ ПОВЕЌЕ ПОМОГНА НА ЗАЕДНИЦАТА

Преку низа општествено одговорни акции, оваа компанија донираше повеќе од 150.000 евра. Поддршка за здравствениот …