(ФОТО) Дирекцијата на трката започнува истрага: На Ферстапен му се заканува казна?

Макс Ферстапен боч поканет на состанок со управата на трката пред ГН на Холандија, бидејќи во петокот наводно претекнал друг болид под истакнато црвено знаме.
Холанѓанецот возеше брз круг за време на вториот тренинг во Зандворт во петокот, кога беше прекинат.
Потоа се појавија фотографии на кои се гледа како Ферстапен го престигнува Ленс Строл во „Астон Мартин“, неколку моменти откако беше поставено црвеното знаме.
На шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер му беше прикажано видео од инцидентот, но тој истакна дека Макс не ги прекршил правилата.


„Штом слушна дека е истакнато црвеното знаме, Макс се повлече. Другиот болид беше во бавен круг, сигурно. Погледнав што се случи, штом слушнав дека црвеното знаме е на сила, Макс се откажа“, објаснил Хорнер.
Иако Ред Бул тврди дека Ферстапен имал малку време да реагира и да го избегне претекнувањето на Строл, поради брзината на неговиот болид, правилата на Формула 1 се јасни. Според член 50.2, претекнувањето е забрането во моментот кога е истакнато црвеното знаме и сите автомобили мора да се вратат во боксот.
ФИА претходно покажа дека строго ги спроведува овие правила. Годинава Ландо Норис беше казнет со три позиции на Големата награда на Азербејџан затоа што не се врати на питлејнот веднаш откако беше истакнато црвеното знаме.
Доколку се утврди дека Холанѓанецот ги прекршил правилата, тој исто така може да биде казнет со поместување на стартната позиција наназад.

Последна вест е дека Макс Ферстапен сепак нема да биде казнет.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ДЕНЕС Е НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН НАТПРЕВАР- Серхио Рамос си заминува од Пари Сен Жермен, се прости со емотивна порака

Шпанскиотфудбалер Серхио Рамос ќе го напушти Пари Сен Жермен и нема да потпише нов договор, …