И’ тоа е можно: Казнета со 192.825 евра за брзо возење

Дали овој рецепт треба да се примени и во Македонија?
Во Швајцарија, еден милионерка е осудена на парична казна од 192.825 евра за брзо возење. Оваа претприемачка го возеше својот „Ренџ Ровер“ со брзина од 93, километри на час низ мал град во таа земја.
Како што објавија неколку швајцарски медиуми, жената била снимена додека возела низ селото Волерау. Камерата регистрирала дека брзината со која се движел нејзиниот „Ренџ Ровер“ во тој момент била 43 км/ч повеќе од дозволеното.
Бидејќи казните во Швајцарија се пресметуваат врз основа на приходот или имотот на прекршителите, ова забрзување скапо ја чинело.
Судот првично побарал вкупна казна од повеќе од 370.000 евра, но жената поднела жалба, по што казната била намалена на околу 175.000 евра.
Сепак, таа претходно добила две условни казни за претходни прекршоци. Бидејќи нејзиниот последен прекршок ги активирал претходните, жената од Цирих морала да плати вкупно 209.000 франци, или 192.825 евра.
Во некои земји, се плаќа висока цена за арогантно возење, што може да ги заболи дури и милионерите. Дали овој рецепт треба да се примени и кај нас?
Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …