(ВИДЕО) ПОСЛЕДИЦИ ОД КОРОНА ВИРУС: Легендарниот боксер во болница – објавил видео од кревет!

Легендарниот боксер Оскар де ла Хоја бил хоспитализиран поради коронавирус и објавил видео од болницата на својот профил на Твитер.
Де ла Хоја објаснил дека е вакциниран, но и најавил враќање на рингот по 13. години пензија.
„Подготовките за моето враќање траат во последните неколку месеци и сакам да им се заблагодарам на сите за нивната неверојатна поддршка. Моментално сум во болница каде примам терапија и уверен сум дека ќе се вратам на рингот пред крајот на годината. Господ да ги благослови сите и да останете безбедни“, напишал американскиот боксер.
Во видеото што го објави од болницата, тој вели.
„Мислам, какви се шансите да се заразам со Ковид“? Се грижев за себе и бев навистина, навистина загрижен за тоа“.
Неговата борба беше закажана за 11. септември, кога требаше да боксува против Витор Белфорт во Лос Анџелес.
„Златното момче“ на овој дуел ќе го замени друга легенда, Евандер Холифилд.
Де ла Хоја е 10-кратен светски шампион во различни категории и беше вклучен во Меѓународната боксерска славна куќа во 2014. година. Тој освои злато на Олимписките игри во Барселона во 1992. година, и во тоа време беше единствениот борец од САД со најсветлиот медал.
Во борбата за титулата светски шампион има скор 24-5.

Фото:Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во РК Еурофарм Пелистер пристигна засилување – Mozzart нов спонзор на клубот

Нови ветришта дуваат во легендарната спортска сала во Битола, а ракометарите на Еурофарм Пелистер со …