(ВИДЕО) Лапсусот на водителката на РТС со денови се споделува на социјалните мрежи!

Водителката на вестите на РТС, Анета Ковачиќ направила симпатичен лапсус што со денови се споделува на социјалните мрежи.
Во моментот кога ги читала резултатите од натпреварите во Супер лигата, била направена грешка која им била бескрајно симпатична на сите, веројатно затоа што токму таква ситуација им се случила на повеќето од нив.
„Пролетер во Нови Сад го совлада Раднички од Крагуевац со 1:1“, рече таа во еден здив.
Се разбира, поверојатно е дека како водителка на програмата, самата го прочитала претходно подготвениот текст на веста. Обично се чита од уред што во жаргон се нарекува „идиот“.
Постои можност некој да згрешил при составувањето на тестот и дека водителката едноставно немала време да се снајде на вистинскиот начин.
Едно е сигурно, Пролетер сигурно би бил многу задоволен доколку овој пропуст се остварил. Ова не е нејзин прв лапсус во програмата во живо, па се уште се памети како Тито во нејзина изведба станал Јосиф Броз.


Фото: Принтскрин/Twitter/Nemanja Pejcinovic/RTS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Касандра била „луда“ по него: Познатиот Игнасио влезе во седмата деценија и изгледа НЕВЕРОЈАТНО!

Серијата „Касандра“ беше една од омилените латиноамерикански серии на нашите простори Кораима Торес, ја освои …