(ФОТО) Девојката на Роналдо, Џорџина, потполно се трансформирала за „Мостра“!

Џорџина Родригез, девојка на спортската sвезда Кристијано Роналдо, изгледала непрепознатливо на меѓународниот филмски фестивал во Венеција. Убавицата целосно го променила својот стил – наместо провокативни шлицови, избрала класични, елегантни парчиња.
Кратката коса на Џорџина дефинитивно подобро и стои – нејзината нова фризура целосно го промени модниот впечаток што вообичаено го остава.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Изгледаше многу секси кога се појави на венецијанскиот црвен тепих, но со вкус.
Џорџина го истакнала своето деколте со избирање елегантен комбинезон во форма на срце.
Нејзините комбинезони убаво ги истакнуваат облините, а ногавиците се малку во форма на ѕвонче, што дополнително ја издолжува фигурата.
Црниот блејзер што го носеше на модерен начин – преку рамо – дефинитивно ја собра целата комбинација. Двете парчиња го носат потписот на Ермано Сервино.
Џорџина избра и впечатливи парчиња накит кои ја разбија монотонијата на нејзината црна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Инаку, Џорџина нешто порано во Венеција прошетала во фустан од чипка од Ермано Сервино во нежно сина боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

И тогаш таа го користела докажаниот моден трик – префрлила јакна преку рамото и постигнала шик изглед.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …