ТАКА ТРЕБА – МЛАД НЕОНАЦИСТ ДОБИЛ ШОК КАЗНА: Британецот мора да чита книги „како луд“ за да се спаси од затвор!

На млад Британец и нацистички симпатизер му било кажано дека нема да мора да оди во затвор ако се држи настрана од литературата што се залага за бел супермацизам (верување дека одредена група луѓе е супериорна во однос на другите) и наместо тоа да чита класични романи како „Гордоста и предрасудите“ на Џејн Остин.
Бен Џон (21) добил условна затворска казна откако кај него биле пронајдени повеќе од 70.000 документи со супермацистичка и нацистичка содржина и инструкции како да се направи бомба.
Судијата Тимоти Спенсер на студентот му рекол дека ќе ги избегне решетките се“ додека чита романи и драми на Џејн Остин, Томас Харди, Чарлс Дикенс и Вилијам Шекспир, пишува Telegraph


Судот во Лестер во вторникот го осудил на две години условен затвор.
Поротата едногласно одлучила дека обвинетиот е виновен за поседување на спорните документи што можат да послужат на некој што сака да изврши терористички напад.
На младиот човек му било наредено да се појавиува на суд на секои четири месеци и да помине тест за да утврди дали прочитал што му било наредено.
Тој морал да му вети на судијата Спенсер дека повеќе нема да проучува материјали од крајната десница.
Потоа му наредил да се јави на 4 јануари, да каже што прочитал, а потоа на испитот да докаже дека навистина ги прочитал дадените наслови.
“Ќе те следам внимателно, Бен Џон, низ секој чекор од твоето патување. Ако ме изневериш, знаеш што ќе ти се случи”, му рекол судијата.


Потоа тој му рече на адвокатот на Бен дека младиот човек се извлекол „дупче на игла“ за да избегне затвор.
Џон од интернет собрал вкупно 67.788 документи со супермацистичка и антисемитска содржина. Исто така, го презел и „Анархистички готвач“, што всушност е инструкција како да се направи експлозивна направа.
На судот исто така било опишано како овој студент по криминологија и психологија бил фатен со вакви опасни материјали и како станал дел од она што се нарекува „Екстремно десно крило“.
Полицијата соопшти дека терминот се користи за екстремно десничарски активисти мотивирани од расизам, екстремен национализам, фашизам и неонацизам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако најдете ПАРИ на улица, не ги земајте: Ова е причината!

Според верувањето на фенг шуи, постојат работи кои не треба да ги внесуваме во куќата …