ТАЖНО – ПОЧИНАЛ ЛЕГЕНДАРНИОТ МИКИС ТЕОДОРАКИС (96): Беше татко на сиртакито!

Микис Теодоракис, еден од најголемите грчки композитори, почина на 96 -годишна возраст.
Теодоракис се стекна со светска слава правејќи музика за филмовите „Гркот Зорба“, „З“ (1969) и „Серпико“ (1973).


Роден е на 29. јули 1925. година, на островот Хиос во Грција. Уште од мали нозе бил фасциниран од музика, бил самоук, и како мал пишувал песни, иако немал инструменти.По активно учество во отпорот против окупаторите во Втората светска војна, кога бил жестоко измачуван, се запишал Атинскиот Конзерваториум во класата на Филоктитис Економидис а подоцна и на Конзерваториумот во Париз, каде студирал музичка анализа во класата на Оливие Месајен и диригирање кај Ежен Биго.
Неговите први симфониски дела Концерт за пијано, Прва свита, Прва симфонија постигнаа меѓународен успех.


Тој освои златен медал на Московскиот музички фестивал во 1957. година, а во 1959. година Дариус Мило го номинираше за Американската музичка награда „Копли“ за најдобар композитор на годината по премиерата на неговиот балет „Антигона“ во Кралската опера Ковент Гарден во Лондон.


Извор: greekcitytimes.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Психијатар ми објасни зошто НЕМАМ ПАРТНЕР веќе 3 ГОДИНИ“: Наташа Беквалац отворено за ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ!

Пејачката не крие дека посетува психијатар, бидејќи смета дека менталното здравје е многу важно. Пејачката …