Напиток која лекува многу здравствени проблеми

Го решава проблемот со запек
Сурутката брзо ќе го стимулира варењето и ќе го реши непријатното чувство на надуеност и запек. Бидејќи има диуретични својства, внимавајте да не претерате (максимално литар сурутка дневно) бидејќи може да предизвика дијареа. Сурутката поседува млечна киселина која го намалува прекумерниот број габи и бактерии во цревата, а неговата ниска pH вредност ја стимулира работата на цревата.

Го намалува стресот и чувството на замор
Сурутката го стимулира лачењето на серотонин, хормонот на среќата, а со тоа го намалува чувството на стрес и хроничен замор. Исто така, содржи алфа-лакталбумин, кој е богат со есенцијална амино киселина триптофан, позната по тоа што го регулира сонот и го подобрува расположението.


Ги регулира зголемените маснотии во крвта
Сурутката се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со високи маснотии во крвта кои не успеваат да ги контролираат со лекови и диета. Имено, сурутката кај речиси сите луѓе го регулира високиот холестерол и триглицеридите по неколку недели редовно консумирање.


Помага да се изгради мускулна маса
Сурутка, и тоа онаа во прав, денес е можеби најпопуларна кај спортистите кои обилно ги користат вредните својства на ова заборавено богатство за да изградат мускулна маса, но и да ги обноват мускулите по физички напор или вежбање.

Го намалува крвниот притисок
Редовното консумирање сурутка, исто така, придонесува за здравјето на васкуларниот систем, бидејќи го намалува нивото на гликоза во крвта и крвниот притисок, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …