Мистериозна болест убила 50. деца во Индија

Веќе една недела, децата во некои делови на Утар Прадеш се будат со висока температура, натопени во пот.
Многумина од нив се жалат на болки во зглобовите, главоболки, дехидрација и гадење. Во некои случаи, пријавен е осип што се проширил на рацете и нозете.

Лекарите веруваат дека станува збор за денга треска
Најмалку 50 луѓе, претежно деца, починале од треска, а стотици биле примени во болница во шест области во источниот дел на Утар Прадеш. Сите биле тестирани за „Ковид-19“, но ниту еден не бил позитивен.
Лекарите од неколку погодени области веруваат дека главната причина за смрт е денга треска, вирусна инфекција која се шири со каснување од комарец.


„Пациентите умираат многу брзо“
Се вели дека на многу хоспитализирани пациенти им бил измерен мал број на тромбоцити, крвни клетки кои помагаат во згрутчување на крвта, што е карактеристично за потешка форма на денга треска.
„Пациентите, особено децата, умираат многу брзо во болниците“, рече др. Неета Кулшрешта, раководителка на здравствениот систем во областа Фирозабад, каде минатата недела починле 40. луѓе, меѓу кои 32. деца.


Што е денга треска?
Денга треска е тропска болест која ја пренесуваат женките комарци и циркулира во Индија стотици години. Повеќе од 70% од случаите на денга се регистрирани во Азија.

Постојат четири вируси на денга, а смртта од инфекција е пет пати поголема кај децата отколку кај возрасните.


Фото: Принтскрин/unicef.org

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Преподобен Антониј Велики: Заштитник од лудилото и ѓаволот

Македонската правослвна црква денес го одбележува споменот на Антониј Велики Преподобен Антониј Велики (Именден празнуваат: …