(ВИДЕО) НЕВИДЕН СКАНДАЛ: ТВ водител од силувач барал во емисијата да го симулира кривичното дело!

Ив де Мбела, телевизиски презентер од Брегот на Слоновата Коска, бил суспендиран откако од осуден силувач побарал на женска кукла да демонстрира како го извршил злосторството.
Во еден дел од емисијата што се емитувала во понеделникот, водителот Де Мбела побарал од гостин, инаку осуден силувач, да демонстрира на женска кукла како силувал жена.


Во еден момент, водителот го прашал гостинот како ги избира жртвите, дали претпочита „слаби“ или „дебели“ и „дали жртвите уживале“.
Овој скандалозен потег на водителот наишол на жестоки критики на социјалните мрежи низ Брегот на Слоновата Коска, во Западна и Централна Африка.
На овој случај реагирало и независно тело за комуникации во Брегот на Слоновата Коска, во кое се наведува дека популарниот водител е суспендиран на триесет дена.


Тие посочуваат дека шоуто користело непристоен јазик, одобрило силување и го нападнало достоинството на жените.
Приватната телевизија за која работел водителот се извинила за емитување на таква програма и ја откажала последната епизода од шоуто што го водел Де Мбела, а која била закажана за в петок.
Де Мбела се огласил на Фејсбук каде се извинил за „шокирање на луѓето додека се обидувал да ја подигне свеста за проблемот“.
– Направив грешка. Исто така, се извинувам за се’ што беше кажано и направено за време на тој дел од програмата. Барам прошка од сите жртви на силување – напишал водителот.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …