(ВИДЕО) Кој ќе го надмине ова? Младенците се качувале три дена за да се венчаат на 6.439 метри надморска висина

Џони Пачеко и Хејди Пако од Боливија својата венчавка ја осмислиле на оригинален начин. Имено, парот се венча и судбоносно кажа „да“ на врвот на планината Илимани.
Тие се планинари и љубители на природата, и затоа одлучиле да се венчаат на планина, а за тоа беа потребни сериозни подготовки.


Искачувањето траело цели три дена, а најтешкиот дел бил за гостите на венчавката, кои морале да ја носат венчаница за невестата, како и храна за прославата.
Се’ се случило на надморска височина од 6.439 метри и она што е сигурно е дека тие двајца заслужуваат чиста десетка за оригиналност.


Видеото е објавено на YouTube


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …