(ВИДЕО+ФОТО) Новинарското прашање за Роналдо му ја расипала прославата на светскиот рекорд – Бесно си заминал

КРИСТИАНО РОНАЛДО и донесе победа на Португалија против Ирска (2:1) во квалификациите за СП.


View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano.ronaldo7_)


Со погодок со глава за 1:1 во 89. минута, новиот играч на Манчестер Јунајтед стана светски рекордер по број на голови за националниот тим. Тоа беше негов 110 гол во 180 -от натпревар за Португалија, надминувајќи го легендарниот Иранец Али Даи, кој постигна 109. гола на 149. настапи за Иран од 1993. до 2006. година и со кого дотогаш го делеше рекордот.


Роналдо не застана тука, туку погоди во 96. минута за пресврт, важна победа за Португалија и подобрување на светскиот рекорд што го постави само седум минути претходно. Тој повторно одлично скокна и ја испрати топката во спротивниот агол од тешка позиција.

Откако импресивно собори историски рекорд, големата прослава на Роналдо беше нарушена со новинарско прашање.
„Дали Ирска беше само спореден актер во вашиот филм вечерва?“, прашал новинар за РТЕ, ирската државна телевизија.
Одговорот на Роналдо на ова прашање било демонстративно отстапување од давање изјави и од телевизискиот кадар.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАТПРЕВАРИ ВО 16 И 20 ЧАСОТ – Осминафинале на Мундијалот: Французите апсолутни фаворити против Полјаците, Сенегалците се надеваат на чудо против Англичаните

Денеска се закажани два нови натпревари од осминафиналето на Светското првенство во Катар. Откако вчера …