(ФОТО) Наоми Кембел открила детали за тоа кому е најблагодарна за нејзината ќерка!

Моделот го објави раѓањето на девојчето на Инстаграм пред неколку месеци, со што го оствари својот долгоочекуван сон, а сега открила некои детали.
Името и таткото на девојчето не се познати во јавноста.
Најуспешната манекенка на сите времиња, Наоми Кембел (51), во интервју за „The Cut“, открила дека благодарение на сурогат мајка добила ќерка, чие име се уште не е познато во јавноста.

Супермоделот се уште не го покажа лицето на своето мало девојче, но затоа со задоволство споделува фотографии од своите модни комбинации на Инстаграм. На последната фотографија, девојчето носи сандали Донатела Версаче.
Во 1993 година, моделот кратко се вери со басистот на U2, Адам Клејтон, а потоа и со контроверзниот италијански бизнисмен Флавијо Бријаторе. Таа беше во врска и со оскаровецот Роберт Де Ниро.

Во ова интервју, таа исто така рекла дека ја жртвувала љубовта и наоѓањето на „својата друга половина“, бидејќи се било подредено на нејзината кариера.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …