(ФОТО) Момчето од серијата “Два и пол мажи“ – пуленот на Чарли Шин – денес не личи на себе!

Симпатичното момче од серијата „Два и пол мажи“, кое играше со Чарли Шин и Џон Крајер цели десет години, сега е возрасен човек кога ретко кој би можел да го поврзе со неговата поранешна улога.
Ангус Т. Џонс (27), кој го играше Џејк во серијата од 2003. до 2013. година, е снимен со густа долга брада и очила како шета бос низ Лос Анџелес.
Тој доби улога во „Два и пол мажи“ кога имаше 10. години и стана еден од најплатените тинејџери во филмската индустрија.
Меѓутоа, бидејќи ја напушти контроверзната серија поради новооткриените верски убедувања, денес повеќе не се појавува во јавноста.


На Универзитетот во Колорадо, тој се префрли од студии за животна средина на проучување на религијата и за „People“ изјави дека бил вклучен во многу верски организации во изминатите три години.
Во меѓувреме, заедно со синот на Паф Деди, Џастин, тој основа компанија која ги организира настаните на Тонита.
Тој признал дека се уште сака глума, како и дека се надева дека под негови услови ќе ја оживее својата холивудска кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …