ТАЖНО – МЗ: На КИБФС почина 15 годишна пациентка

Министерството за здравство со голема жалост информира, дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 15 годишна пациентка од село Селце тетовско.

Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …