(ФОТО) ТРАГЕДИЈА – 24 ГОДИНИ СВЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ СО ГУБИТОКОТ: Лејди Ди беше обожавана принцеза од народот, а ова се нејзините последни зборови

На 31 август 1997 година, нешто по полноќ, црн Мерцедес удри во тунелот Pont de l’Alma во Париз, бегајќи од папараците, во кој принцезата Дијана трагично го загуби животот. Под неразјаснети околности, автомобилот изгубил контрола и удрил во столб.
Реакцијата на Ториевците за кампањата на принцезата Дијана за нагазни мини ја натерала да ја донесе фаталната одлука и да го одложи враќањето во Велика Британија.

Оваа информација ја открил нејзиниот поранешен асистент, и на тој начин всушност паѓа нова сенка врз целиот настан, од кој може да се заклучи дека можеби таа фатална несреќа немаше да се случи доколку таа навреме се вратела дома.
Колин Тебат, поранешен возач на принцезата Дијана, открил како спорот околу нејзиниот јавен повик за забрана на мина ја убедил принцезата Дијана да го продолжи престојот во Париз, каде што престојувала со своето момче Доди Фајед, иако прво не планирала да го стори тоа. Според таа изјава, принцезата Дијана немало да биде во автомобилот што минувал низ тунелот во Париз на тој кобен 31. август 1997. година и немало да го загуби животот, исто како и нејзиното момче и возачот Хенри Пол.


– Боже, што се случи? – ги праша Дијана докторите кои први и дошле на помош, а тоа биле нејзините последни зборови.
Заедно со Дијана, Доди Фајед, египетски филмаџија и син на многу попознатиот милијардер Мухамед Ел Фајед (92), бил со возачот и телохранителот.
– Беше во шок, не знаеше што се случи. Ја извлековме од возилото, и штом ја ставивме во лежечка положба, срцето на принцезата застана – изјавил докторот, кој меѓу првите пристигна на местото на несреќата, за Daily Mail.
https://www.dailymail.co.uk/news/article-9710301/Oh-God-whats-happened-fire-chief-heard-Princess-Dianas-words.html
Принцовите Вилијам (39) и Хари (36) го обвинија новинарот Мартин Башир (58) за неетичко однесување што ја предизвика трагедијата.
„Домино ефектот на културата на експлоатација и неетички практики на крајот и го одзеде животот“, рекол Хари.


Мартин Башир, новинар на Би-Би -Си, кој ја измамил принцезата Дијана на експлозивно интервју, им се извинил на принцовите Вилијам и Хари, но рекол дека е „неразумно“ да се поврзат неговите постапки со нејзината смрт.
Во интервјуто, таа открила многу интимни детали за нејзиниот брак, за кои се верува дека се извадени од неа на измама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 65. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се 3. починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …