(ВИДЕО+ФОТО) ТОПЛА ПРИКАЗНА КОЈА НЕ ОСТАВА РАМНОДУШЕН – Самохран геј татко усвоил сираче од Камбоџа: Момчето стасало до Олимписките игри во Токио!

Во 2000 година, Џери Виндл од Флорида посвоил момче по име Џордан од Камбоџа. Џордан во тоа време бил многу слаб, но израснал во силен млад човек кој ја претставуваше Америка на Олимпијадата оваа година.

Џери отсекогаш сакал да биде татко. Тој долго време се бореше со процесот на вдомување, а потоа еден ден видел статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Ниту за момент не се двоумел да ги контактира, презел се што му треба и наскоро добил вест што го променила неговиот живот.

Во 2000 година, тој отишол во Пном Пен, Камбоџа, каде што го запозна својот син, Џордан, кој живее во сиропиталиште откако неговите родители починале. Тој бил неухранет и имал тешки инфекции. Џери го одвел на Флорида и веднаш станач негов вистински татко.

По враќањето во Соединетите држави, тие се соочиле со многу пречки. Џордан имал многу здравствени проблеми, бил исцрпен и слаб и со Џери комуницирал преку знаковен јазик пред да научи англиски. Тој тогаш имал две години, но само седум килограми. Џери не знаел дали ќе преживее, но му ветил дека ќе стори сé за да не мора повеќе да страда.Тој се грижел за него, се грижел за добрата исхрана, па здравјето на момчето и работите станале подобри.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …