(ФОТО) КОРОНА ВИРУС БОРБА – Жена не дозволила полумртвиот сопруг да го исклучат од апаратите: Таа одлука засекогаш и го променила животот!

Се испоставило дека таа ја направила вистинската одлука
Адам Бенкс (39) од Јоркшир, кој долго се борел со коронавирусот и практично „воскреснал од мртвите“, повторно почнал да оди и да зборува, иако лекарите не му давале никаква шанса, напротив.
Комисијата предложила да го отстранат од респиратор бидејќи неговите бели дробови биле речиси уништени по пет недели поминати во кома.
Неговата сопруга, Мери, ја отфрлила таквата можност, велејќи дека ќе се бори се додека има трошка надеж, и нејзиниот потег се покажал како вистинско решение.


– Мери одби и ги молеше лекарите да продолжат да ме лекуваат. Белите дробови ми беа уништени 90. проценти, и за неколку дена бев поврзан со респиратор – рекол Адам, кој во јануари оваа година се разболел од тешка форма на ковид, раскажувајќи ја тешката борба за живот во болницата „Џејмс Кук“ во Лестер.
Бидејќи поминал многу време во кома, речиси и не се сеќава на свирепата борба. Кога се разбудил, се почувствувал како да халуцинира, бидејќи бил дозиран со силни лекови.

– Во еден момент мислев дека лекарите и медицинските сестри се обидуваат да ме убијат со лекови, па престанав да ги земам еден ден и веднаш ми се повраќаше. Не јадев два и пол месеци, а гласните жици ми се исушија. Две недели минав на интензивна нега за да ја вратам силата и да научам да одам – ​​рекол Адам, кој чудесно преживеал.


Додека бил во болницата со сопругата и семејството контактирал преку Facetime.
Тој бил пуштен од болница на 19. април, но знаел дека има долг пат додека не се опорави, и му било мило што тоа му се случило нему, а не на некој од неговото семејство.
Неговата сопруга рекла дека и таа поминала низ пекол и дека не знаела што ќе се случи од минута во минута.



– Бев убедена дека ќе му дадат малку кислород во болницата и ќе го пуштат дома. Не знаев дека неговите бели дробови ќе бидат уништени толку брзо и дека лекарите ќе бидат во ситуација да ми побараат дозвола да го извадат од респиратор. Луѓето кои работеа во болницата делуваа професионално, го дадоа својот максимум и тоа вроди со плод. Благодарна сум им за се – заклучила Мери Бенкс.

Извор: gazettelive


Фото: Принтскрин/gazettelive

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …