(ФОТО) Девојка мислела дека е само отечена па и откриле тумор:„Не ги занемарувајте симптомите!“

24-годишната Зулема Рубио преживеала 14-часовна операција и третман на сарком со хемотерапија и зрачење. Нејзиниот тумор се повлекол и денес ги охрабрува луѓето да не ги игнорираат необичните симптоми
Младата Зулема Рубио (24) од Њу Џерси, САД, која неодамна дипломирала право и станала асистент во адвокатска фирма, се соочила со невообичаени симптоми и сериозна болест во април 2020. година. Кога нејзиното лице отекло, таа била убедена дека тоа е поврзано со вишокот сол во нејзината исхрана и премалку вежбање за време на пандемијата на „Ковид -19“, но кога нејзините лимфни јазли станале зголемени и болни на допир, отишла во во брза помош и наскоро била упатена до Медицинскиот центар на Универзитетот Хакенсек.
Лекарите таму го откриле нејзиниот тумор.

Отпрвин мислеле дека има лимфом, но во јули и бил дијагностициран интимален сарком, редок малигнитет. Состојбата на Зулема влијаела на крвта што течела од лицето и мозокот до нејзиното срце.


View this post on Instagram


A post shared by Zully♚ (@sweetzee_)


Имала среќа да ја лекува др. Ендрју Пекора, кој работи во Центарот за рак Џон Теурер, Универзитетот Хакенсек, и е еден од водечките светски експерти за трансплантација на матични клетки и коскена срцевина, како и клеточна медицина и имунолошки истражувања. Таа вели дека нејзинаите први прогнози не биле добри.

– Кога ја запознав Зулема, се плашев за неа. Беше убава, млада жена со отечени вени и лице. Кога дојдов до дијагнозата, знаев дека шансите да и помогнам се многу ограничени – додава. Имено, се покажа дека ракот се наоѓа во горната шуплива вена на Зулема, голема вена во горниот дел од телото, која носи крв од главата, вратот, горниот дел од градите и рацете до срцето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …