(ВИДЕО+ФОТО) Најслушаната македонска поп пејачка во светот со нова песна допира до тинејџерите

Choose My Way е новиот сингл на Андреа, македонска поп пејачка, веќе добро позната на македонската публика, препознатлива по својот уникатен стил и песните на англиски јазик. Овој пат Андреа допира до тинејџерите со една помрачна, подлабока електропоп балада, во која ќе се пронајдат младите, но и повозрасните. Choose My Way се одликува со подлабока текстуална софистицираност за младата артистка и ги истакнува влијанијата на соул и RnB музиката.

Андреа се појави на нашата музичка сцена минатата година во октомври со песната I Know, и оттогаш па наваму нејзините песни ги освојуваат љубителите на поп звукот ширум светот. По легендарниот Тоше Проески, Андреа е единствената македонска пејачка која за помалку од една година успеа да допре до слуштелите на повеќе од 40 топ радиостаници на Балканот. Со 11 милиони прегледи на TikTok и YouTube, и над 750.000 преку другистриминг платформи, Андреа постепено и сигурносе пробива на светската музичка сцена.


„Додека го пишувавме текстот на Choose My Way, морав да се присетам на сите борби со себе и со најблиските кои ги водев во тинејџерските денови. Нашите родители ни мислат и посакуваат најдобро, но на крајот од денот, ние сме тие кои најдобро знаеме што е тоа што нè прави среќни и исполнети“, изјавува Андреа.


Choose My Way e достапна насекаде од 27 август.

Андреа е родена на 14 февруари 2020 година, а љубовта кон музиката се раѓа на нејзина 5-годишна возраст додека престојува во Харлем поради работните обврски на нејзините родители. Таму се запознава со госпел, соул и RnB звуците кои ја прават доживотен вљубеник во музиката. Како ќерка на професор и доктор, нејзините родители од неа очекувале да одбере слична „респектирана“ кариера. Андреа го одбира патот кон музичката индустрија.

Блоговите ширум светот ја нарекуваат „водечки инди уметник во Македонија“. EQMusic изјави: „Андреа чекори по нагорна линија и е на пат да стане одговор од Македонија на Дуа Липа поради начинот на кој таа пристапува кон попот во модерени посветен стил.“ Другите блогови велат: „I know“ е сензација на електропоп со динамична инструментација и богат вокал. Потсетувајќи на Florence & The Machine со поголеми влијанија од R&B, Андреа прикажува соул тонови со самодоверба и софистицираност на многу поискусен уметник “. Престижниот британски музички блог Blackplastic  ja опиша „I know“ како љубовна песна која буди возбуда и моментална привлечност. Андреа е објавена и во други музички блогови во САД, Бразил, Полска и Русија. Таа беше интервјуирана за радиа и подкасти во САД, Велика Британија, Холандија и Мексико.

Нејзините синглови I Know, I Don’t Know Your Name, Betting on You и Heartbreakсе емитуваа на преку 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Германија, Холандија, Италија, Швајцарија, Норвешка, Франција, Мексико, Канада, Сингапур, Јужна Африка, Грција, Македонија , Бугарија и други.

Поврзете се со Андреа на социјалните медиуми:Facebook | Instagram | Twitter | Website

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …