(ФОТО) Британски војник изнајмил авион и од Кабул во Лондон дошол со 200 мачки и кучиња

Британецот Пен Фартинг слетал во Лондон со приватен авион, во кој биле сместени околу 200 животни што ги зел од Авганистан.
Кралскиот маринец Фартинг собрал пари за приватен лет, а авионот што ги однел животните од Авганистан полетал од Пакистан и слетал во Кабул. Потоа ги натовариле животните, кои потоа биле префрлени во Хитроу во Лондон.
Околу 200 мачки и кучиња сега се во карантин во Лондон.

Пен Фартинг работел за организацијата за заштита на животните „Новзард“, чиј основач е тој, и го напуштил Кабул како последен британски државјанин кој бил таму.
Тој морал да ги остави Авганистанците кои работеле во неговото здружение во Кабул.
„Бев толку тажен што морав да ги напуштам. Некои од нив отидоа со мене на аеродром, но не им беше дозволено да ја преминат линијата. Имаше многу солзи кога се збогувавме и се чувствувам многу тажно, но мило ми е што барем успеав да ги однесам животните на сигурно, изјавил тој за британските медиуми.
Покрај 94 кучиња и 79 мачки, Фартинг натоварил и 125 килограми сува храна за кучиња, 72 лименки, 270 литри вода, 12 големи ролни марамчиња и 20 шишиња средства за дезинфекција.

Фото: Принтскрин /Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …