Руско средство против грип ново оружје за лекување Ковид 19

Во рамките на меѓународниот воено-технички форум „Армија 2021“, компанијата „Авексима“ претставила руски лек, кој успешно се бори не само против вирусни респираторни инфекции, туку и со ковид-19.
Лекот „Нобазит“ веќе ја докажал својата ефикасност, квалитет и безбедност во борбата против грип и вирусни респираторни инфекции, а сега добил нова задача – да ги одбие нападите на корона вирусот, пренесува телевизијата „Звезда“.
Биле одржани клинички испитувања на лекот, а од компанијата „Авексима“, која го произведува лекот, рекле како функционира „Нобазит“ во третманот на пациенти со ковид -19.
„Врз основа на резултатите од тестовите, може да се каже дека лекот’Нобазит’ ја намалува смртноста од корона вирусот пет пати и ги намалува компликациите двапати, што придонесува за побрзо закрепнување“, рекла генералната директорка на компанијата „Авексима“, Ткаченко Елена.
Историјата на „Нобазит“ датира од 2008. година, кога научниците од институтот „Семашко“ добиле наредба од воени лекари да направат нов лек против вирусот за употреба во армијата.
„Нема сомнение дека тоа е најдобриот лек за третман на грип, вирусни респираторни инфекции и коронавирус, меѓу другото, како придружен лек. Нашата армија го прави најдоброто и го користи најдоброто“, рекол генералниот директор на Институтот за проблеми на хемиски и енергетски технологии на сибирскиот оддел на РАС, Сергеј Сисољатин.
„Нобазит” е целосно произведен во Русија и домашното производство овозможува да не зависике од испораките од странство. Лекот успешно се бори со своите задачи на ‘бојното поле’ многу години и е вклучен во препораките за третман на грип и респираторни инфекции за време на пандемијата на корона вирус.

Извор: nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …