Инфлуенсер станала најпрофитабилната професија на денешницата, но децата инфлуенсери, а особено нивните родители, продолжуваат да се соочуваат со остра осуда и критика за злоупотреба на своите деца за профит.
Оваа мајка вели дека ја вовела својата ќерка со светот на модата кога имала само шест месеци …
Елис Приор од Беркшир има три години и нејзината мајка Софи Хоу (28) гордо истакнува дека е меѓу најмладите и најуспешните модни инфлуенсерки.
– Благодарение на нејзината кариера, таа веќе заработи доволно за депозит за куќа – вели Софи.
Елис веќе на големо работи со голем број брендови во кампањите за детска облека.
– Нејзината гардероба вреди околу 2.000 фунти, што е доволно кога ќе се земе предвид дека има само три години – вели Софи.
– Луѓето ме осудуваат што заработувам на неа, но јас повеќето пари ги ставам на посебна сметка и таа ќе ги добие парите кога ќе порасне – вели таа.
Софи вели дека Елис била „убава“ како бебе, па сакала да ги сподели своите слики со сите. Така, таа отворила Инстаграм за неа практично веднаш по раѓањето.
– Како што растеше, таа добиваше се повеќе егзотичен изглед и се повеќе луѓе ја следеа. Се повеќе луѓе прашуваа каде и купивме облека. Со текот на времето, почнавме да соработуваме и со брендови – вели таа.
– Многумина ме осудуваат, но мислам дека манекенството е редовна работа која многу се исплатува. Така ја обезбедуваме нејзината иднина. Ниту нам не ни е лесно – постојано сме на пат, постојано ја носиме на снимање и мора да се осигураме дека е добро расположена и подготвена за соработка – вели таа.
Фото: Принтскрин/Instagram