Каков ден: Пол позиција за Ферстапен, сензација на Расел и несреќа на Норис!

Под многу тешки услови, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен го освои првото место во квалификациите пред ГН на Белгија, тој беше најбрз со време од 1:59.765.
Џорџ Расел направи сензација во Вилијамс, беше побрз од Луис Хамилтон и трката ќе ја започне како втор, бидејќи за малку му избега првата пол позиција во кариерата. Тоа беше побавен од Ферстапен за 0,321 с.
Трет беше Луис Хамилтон во Мерцедес со 334 илјадити делови од секундата зад најбрзиот Ферстапен, додека четврти беше Даниел Рикардо во Мекларен.

Денот го одбележа и несреќата на Ландо Норис во третиот дел од квалификациите, кој траеше речиси два часа. Беше многу дождливо цело време, Себастијан Фетел побара да се прекинат квалификациите, но раководството на трката не го стори тоа.
Следеше „црвеното знаме“ и долга пауза по што продолжија квалификациите. Норис беше извонреден до моментот на паузата, но сега ќе стартува од десеттата позиција.
Себастијан Фетел беше петти, потоа Пјер Гасли и Серхио Перез, а Валтери Ботас беше осми, но ќе стартува од 13 -та позиција поради казната што ја доби во Унгарија. Деветти беше Естебан Окон.
Во генералниот пласман, Хамилтон води со 195. поени, осум повеќе од Ферстапен, додека Норис е трет со 113.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …