Што вели Езел за бракот во „Кој сака да биде милионер?“

Кенан Имиразлиоглу, кој оваа година се најде на водителското столче во новата сезона на „Кој сака да биде милионер?“, се најде во центарот на вниманието по неговата реакција на изјава на еден од натпреварувачите кој немал намера да се ожени.

Кенан Имирзалиоглу, кој минатата недела го даде својот прв милион на Арда Ајтен во турското шоу „Кој сака да биде милионер?“, продолжува да биде домаќин на нови натпреварувачи. Во последната епизода од познатото шоу, вниманието на публиката го привлече дијалогот помеѓу Имирзалиоглу и еден од напреварувачите кој нема намера никогаш да се ожени.


Кенан кој во 2016-та на островот Кунда стапна на лудиот камен со својата сопруга, актерката СинемКобал, ги искажа своите мислења околу идејата за брак како и своите импресии од петгодишниот брак со својата колешка.

„Наоѓањето партнер е многу скапоцена работа. Бракот е различен. Чувството при наоѓање на брачен другар е поразличен од друг пат. Наоѓањето брачен партнер е нешто многу драгоцено.“, рече Кенан.


А кој е Кенан Имирзалиоглу?

Роден во 1984-та година, Кенан е познат модел и актер од Турција, нам добро познат по неговите улоги во култните „Езел“ и „Карадај“. На јавноста и станува познат во 1995-та откако ја освоил титулата Најдобар модел на Турција, а подоцна и на светот со што станал првиот Турчин кој се има здобиено со таа титула.

Телевизиската кариера ја започнува во 2005-та по престој во Америка каде што се доусовршил.

Нашата публика моментално го гледа во улогата на Езел во истоимената серија која што се емитува секој ден од 19:55 на Dizi.

„Езел“ е една од најпознатите турски серии на овие простори. Со емитување започнала во 2009-та година, а зад себе носи многубројни награди меѓу кои и Златна пеперутка за Најдобра серија во 2010-та.

Базирана на романот „Грофот од Монте Кристо“ на Александар Дима, „Езел“ ја раскажува приказната на Омер Учар кој е неправедно осуден на доживотен затвор по предавство од своите најблиски – најдобрите пријатели Али и Ченгиз, и љубовта на неговиот живот Ејшан.

Серијата, во која Кенан ја дели главната улога со ЏансуДере, и истата е во режија на Улуч Бајрактар, стана една од најгледаните акциони драми на турската телевизија и пошироко.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Српска водителка станала предмет на шеги и исмејување поради она во што се појавила во емисијата во живо

СРПСКАТА водителка Јована Јеремиќ се појави во утринската програма во живо во необична комбинација на …