Пет намирници за здраво ниво на хемоглобинот

Бројот на црвени крвни клетки открива дали телото прима соодветни количини на кислород за да функционира правилно.

Што е хемоглобин
Хемоглобинот е металопротеин кој се наоѓа во црвените крвни клетки. Неговата главна улога е пренос на кислород од белите дробови до сите ткива и органи и враќање на јаглерод диоксид во спротивна насока.


Ниските нивоа на хемоглобин може да го спречат вашето тело да ги извршува овие функции, што може да предизвика појава на симптоми како што се замор, слабост, болка во градите, отежнато дишење, главоболки или слаб апетит. Ако имате некој од овие симптоми, најдобро е да се консултирате со лекар, но исто така можете да се обидете да го вратите здравото ниво на хемоглобин со храна. Еве кои намирници можат да помогнат:

Црвено месо
Црвеното месо е најбогатиот и најдобриот извор на железо во исхраната. Ваквата исхрана ќе обезбеди доволен внес на железо во телото, што може навреме да спречи анемија.


Спанаќ
Нискокалоричен и исклучително хранлив, спанаќот е суперхрана што треба да ја вклучите во вашата исхрана. Спанаќот е богат со железо и витамин Ц, додатоци кои ја подобруваат апсорпцијата на железо. Овој лиснат зеленчук содржи антиоксиданси кои го подобруваат општото здравје со намалување на воспалението и зголемување на нивото на имунитет.

Семки
Семки како што се ленот, семките од тиква и чиа содржат соодветни количини на магнезиум, железо, влакна и омега-3 масни киселини кои можат да ви помогнат во борбата против високиот холестерол. Семињата исто така можат да ги заштитат вашите клетки од штетните слободни радикали формирани за време на метаболичките процеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …