(ВИДЕО) Дали Кристен Стјуарт е добра Лејди Ди? Објавен трејлер за филмот „Спенсер“

Објавен е трејлер за долгоочекуваниот филм за животот на принцезата Дијана, „Спенсер“, во кој глуми Кристен Стјуарт. Премиерата на филмот е на 3. септември на Венецискиот филмски фестивал.
Филмот говори за викенд што Дијана го поминала во Сандрингам за време на Божиќните празници во 1991. година. Потоа, таа донела одлука да се разведе од принцот Чарлс.
„Декември 1991 година: Бракот на принцот и принцезата од Велс одамна почна да се распаѓа. Иако постојат гласини за скандали и развод, мора да владее мир за време на празниците. Јадење, пиење и лов. Дијана знае дека наскоро сеќе се смени…“, се наведува во синопсисот.


На официјалниот плакат со кој се најавува прикажување на филмот во кината од 5. ноември, Стјуарт плаче и носи бел фустан, кој донекаде потсетува на оној што го носеше Дијана. Дизајниран е од Дејвид и Елизабет Емануел. „Спенсер“ го режираше Пабло Ларен, а сценариото го напиша Стивен Најт. Музиката ја направи Џони Гринвуд од групата „Радиохед“.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …