(ВИДЕО+ФОТО) Роналдо си заминал од Јувентус! Сам го претставил дресот на „Манчестер Сити“ уште пред 22. часа!

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО го напушти Јувентус по три години, 134. натпревари и 101. гол.
На 36 -годишна возраст, тој се пресели во петтиот клуб во неговата кариера, Манчестер Сити.


Вака изгледаше неговото последно утро во Јувентус:
Фабрицио Романо, најсигурен извор од меркато, пренесува дека Роналдо дошол во клубот само за да се збогува со своите соиграчи и дека не сакал да го направи последниот тренинг со Јувентус бидејќи сака да го реши трансферот во Манчестер Сити во следните неколку часа. Тој пишува дека се уште чека неговиот менаџер Jорге Мендеш да ја претстави официјалната понуда на Манчестер Сити на Јувентус.

Еден час и половина откако дошол на Континас, Кристијано Роналдо го напуштил седиштето на клубот каде што ги помина последните три години. Очекувано, тој не тренираше со сега веќе поранешните соиграчи.

Иако со денови се шпекулира околу трансферот на Кристијано Роналдо во „Манчестер Сити“ каде се претпооставува дека ќе заработува 1 милион фунти месечно, на Инстаграм се појави серија фотографии од популарниот фудбалер на кои се збогува со навивачите на „Јувентус“ но и со дресот на новиот клуб…

Фото: Принтскрин/Twitter/SkySports

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Зверев шокира: „Не не тестираат, а многумина се заразени!“

Германскиот тенисер Александар Зверев вели дека контролите во Австралија се послаби отколку што мислат, а …