Мистериозниот сигнал од вселената постојано се повторува, се уште не знаеме што е тоа

По најновите набљудувања со радиотелескопи, астрономите го отфрлиле главното објаснување за мистериозниот сигнал од вселената што се повторува во редовни интервали.
Станува збор за сигналот FRB 20180916B, кој се повторува на секои 16,35 дена. Претходните модели покажале дека најверојатно е резултат на интеракција помеѓу sвездите кои се во блиска орбита, но новите откритија сугерираат дека нејзината причина не може да биде бинарен систем од овој тип.

Што се тоа FRB?
Брзите радио сигнали (FRB, fast radio bursts) се една од најфасцинантните мистерии во космосот. Тие се исклучително моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони од Сонцето и траат помалку од трепкање на окото.
Една од најважните карактеристики на овие сигнали е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат одеднаш на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторувачките FRB, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците.
Но, уште пофасцинантен феномен од повторувачките FRB се оние што се повторуваат во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци, како да се усогласени со некој невидлив вселенски часовник.

Црвена, а не сина светлост
„Очекувавме силни ѕвездени ветрови што го придружуваат изворот FRB да емитуваат претежно сина, кратка бранова радио светлина. Црвените радио бранови се со долги бранови должини требаше да бидат повеќе или целосно блокирани”, вели астрофизичарот Инес Пастор-Маразуела од Универзитетот во Амстердам и АСТРОН во Холандија.
„Постојните модели на бинарни ветрови предвидуваа дека избувбнувањата ќе бидат само или претежно во сина боја. Но, два дена видовме сина боја, а потоа три дена со повеќето црвени радио сигнали. Тоа го исклучи објаснувањето на оригиналниот модел – мора да биде нешто на друг“, додала таа.
Научниците минатата година откриле голем траг за тоа што може да ги предизвика FRBовите. Откриле дека еден од нив бил предизвикан од магнетар, тип неутронска sвезда со исклучително силно магнетно поле, пишува Science Alert.
Но, тоа не значи дека оваа мистерија е целосно разрешена. На пример, не знаеме зошто некои FRB се повторуваат, а други не. Исто така, не е јасно зошто FRB кои се повторуваат во редовни интервали се толку ретка појава.

Што тогаш ги предизвикува FRB 20180916B Ако бинарниот систем е исклучен како причина за FRB 20180916B, тогаш што ја предизвикува неговата периодичност?
Според едно објаснување, може да биде предизвикано од објект како ротирачки магнетар или пулсар. Но, експертите сметаат дека ова не е најдоброто решение, бидејќи тие обично не ротираат толку бавно. Со оглед дека научниците го напуштија бинарниот систем како причина, сега таа опција е повторно на маса.
„Реткиот бавен ротирачки магнетар сега е најдобро објаснување за она што го откривме“, рекла Пастор-Маразуела.
Студија наречена Chromatic periodic activity down to 120 megahertz in a fast radio burst беше објавено во списанието „Nature“.

Фото: NASA/ESA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОА СЕ ВИКА ЉУБОВ: Со своето тело го заштитил автомобилот од град

КРАТКОТО видео за рекордно време собрало бројни симпатии. Нема тука многу за што да се …