(ВИДЕО) СУДБИНА – НА ФЕЈСБУК ВО ЖИВО ЈА ПРЕНЕСУВАЛА ПОПЛАВАТА: Буицата ја однела – тоа била нејзината последна снимка во животот

ЖЕНА од САД ги пренесувала во живо на Фејсбук поплавите што ја погодија областа околу градот Веверли во Тенеси, и тоа беше последното нешто што го снимила.
Имено, само неколку моменти подоцна, буицата ја однела, а несреќната жена починала.
– Па, ако некој ме гледа на Фејсбук во живо, ние само што сме поплавени во Веверли, Тенеси. Навистина страшно. Ова е страшно, боже – рекла Линда Балмонд непосредно пред нејзината трагична смрт.


Како што потврди нејзиниотл брат Лео Балмонд, таа починала од давење откако го снимила видеото.
Преносот од 70. секунди бил еден од последните моменти на 55-годишната жена.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) БИЛ ВИДЕН ВО ГОЛЕМ ДЕЛ НА ЗЕМЈАТА: Метеор со зеленкав сјај паднал во Хрватска, изгорел со блесок на хоризонтот

На територијата на Хрватска синоќа падна метеор, кој ббил видлив од голем дел од земјата …